ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

1. СОДРЖИНА НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот на патувањето гарантира реализација на аранжманот според описот во програмата. Содржината на аранжманот ќе се оствари во потполност и на опишаниот начин, освен во случај на влијание на “виша сила”, која не можела да се предвиди (војна, терористички акции, штрајк, елементарни непогоди, сообраќајни и технички проблеми во превозот, или слично).

2. РЕЗЕРВАЦИИ И УПЛАТА

За важечка резервација се смета само уплатата на 30 % од вкупната сума на аранжманот. Остатокот се доплаќа најдоцна 10 дена пред поаѓање. Доколку во предвидениот рок не се депонира гаранцијата, аранжманот може да се смета за откажан. Телефонските и усните резервации се сметаат за неважечки и невалидни.

3. ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ

Цената на аранжманот представува нераскинлива целина на автобуски превоз, хотелски или други услови, што значи дека патникот кој го купил аранжманот, а не користел дел од услугата, превоз или слично, нема право на рефундација на неискористениот дел од аранжманот.
Во цената се опфатени само услугите од програмата. Во случај на промена на курсот на еврото и зголемување на цените, организаторот го задржува правото на зголемување на цените.
Дополнително објавување на намалување на цените на патувањето ( на пример, попусти од типот “last minute,, ) не може да се однесуваат на веќе склучени договори и не може да бидат основ за било каков приговор или рекламација на патникот

4. ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ ЗА ИЗМЕНИ ВО ПРОГРАМАТА И ОТКАЗ НА АРАНЖМАНОТ

Организаторот има право да ја измени програмата (во времетраењето или содржината) во случај на виша сила или вонредни околности кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани.
Во ретки случаи кога нема можност за сместување во резервираниот објект, поради технички причини или “over booking” од страна на хотелиерот, организаторот ќе го смести патникот според можностите во дадениот момент, во објект од иста категорија или од повисока категорија, без надомест.

Организаторот го задржува правото да го одложи или откаже аранжманот во случај на недоволен број на пријавени патници од предвидениот минимум за одреден аранжман.
Организаторот е должен да ги извести сите купувачи за отказот најмалку 5 дена пред почетокот на реализацијата на аранжманот и да им ги врати во целост уплатените средства најдоцна во рок од 8 дена од денот на откажувањето, освен во случај на виша сила.

5. ПРАВО НА ПАТНИКОТ ЗА ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО

Патникот може во секој момент да се откаже од патувањето и тоа треба да го направи во писмена форма. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметка и наплата на отказните трошоци (во однос на основната цена на аранжманот), според следната скала:
– за отказ до 30 дена пред патувањето се наплатува 30%
– за отказ од 29 до 15 дена пред патувањето се наплатува 50%
– за отказ од 14 до 5 дена пред патувањето се наплатува 80%
- за отказ од 5 дена па се до ден на поаѓање се наплатува 100%
-за отказ на Last Minute аранжман 100 %
Аранжмани кои се со попуст за рана уплата
Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат спрема горенаведените услови за отказ од точка 5.

Доколку патникот го менува терминот на поаѓање или дестицацијата на аранжман кој е со попуст, го губи правото на попуст кој го има.
Доколку патникот се откажува од аранжманот пред почетокот на патувањето, поради причини кои не можел да ги предвиди, избегне или отстрани (болест, повреда или смрт во потесното семејство), а врз основа на важечка потврда од надлежните органи, во тој случај не ги плаќа отказните трошоци по наведената скала туку само трошоците произлезени од откажувањето на аранжманот, за кои организаторот е обврзан да ги плати без право на рефундација.
Доколку патникот се откажува од аранжманот по почетокот на патувањето (за време на патување или за време на престој во местото на патување), поради настани кои се резулатат на влијание на “виша сила” (воени настани, терористички акти, елементарни непогоди, сообраќајни незгоди или слично), кои ниту патникот ниту организаторот не можел да ги предвиди, избегне или отстрани, организаторот не носи одговорност ниту има обврска за поврат на средства за нереализирани услуги, освен доколку крајниот давател на услугите прифати и изврши рефундација на истите.

6. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ПАТНИКОТ

Патникот е обврзан да се грижи, да тој лично, неговите документи и предмети ги исполнуваат условите предвидени со граничните, царинските, здравствените и другите прописи на својата земја како и на земјата во која патува, да се придржува кон куќниот ред во угостителските и хотелските објекти, како и во превозните средства, и да соработува со претставникот/придружникот на организаторот и извршителите на услугите во добра намера. Во случај на непочитување на овие обврски, патникот одговара на оранизаторот за направената штета. Патниците кои го нарушуваат редот во објектите односно возилото можат да бидат одстранети од аранжманот.
Патникот е должен да поседува важечки пасош и да се информира кај организаторот дали за земјата во која патува (или за земјите низ кои се патува во транзит) е потребна виза, за да таа навреме се обезбеди. Патникот е должен да се информира за девизните и царинските прописи во својата земја и земјите во кои патува. Патникот е должен да ги чува и лично да одговара, за сите свои документи, парични средства и личен багаж за сето време на патувањето.

7. ОБВРСКИ И ПРАВА НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО

Организаторот е обврзан да се грижи за реализацијата на услугите и за изборот на извршителите на услугите со внимание на добар организатор, и да се грижи за интересите на патниците согласно со професионалните принципи во туризмот. Организаторот е должен да му ги овозможи на патникот сите услуги наведени за поединечниот аранжман во програмата, и одговара за евентуално неизвршување на услугите или дел од услугите. Организаторот исклучува секаква одговорност во случај на промени и неизвршување на услуги предизвикани од дејство на виша сила како и од доцнење на превозните средства, за кои превозникот не одговора според позитивните прописи и меѓународните конвенции.
Организаторот на патувањето не прифаќа никаква одговорност доколку дипломатско-конзуларното претставништво го одбие издавањето на влезна виза или доцни со издавањето на визата, или ако емиграционото одделение на странска земја не одобри влез на одреден патник, ниту за било кои други последици кои проилегуваат поради евентуалната неисправност или губење на патните документи на патникот. Во овие случаи патникот сам, ги плаќа дополнителните трошоци.

8. ПРЕВОЗ СО АВТОБУС ИЛИ МИНИБУС И ТРАНСФЕРИ и БАГАЖ

Превозот со авобусот или минибус трансфери се извршуваат со стандардни туристички автобуси спрема прописите и критериумите кои важат во земјите во кој е регистриран автобускиот превозник кој го ангажира организаторот на патувањето. Превозот е согласно пријавениот број на патници и оди до соосдветното место каде може да застане согласно локалните сообраќајни услови и правила.
Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
По правило, не постои однапред распоред на седишта на патниците, ниту пак утврден начин на промена на седиштата по денови во текот на патувањето со автобус.
Во случај на доцнење на автобусот поради временските услови , вондредни услови во сообраќајот, прекумерни задржувања на границите, расипување на истите или слично, организаторот на патувањето нема одговорност за евентуалните настанати задоцнувања.
Секој патник е дозволено да носи багаж од една патна торба. При внесување и изнесување на багажот од возилото, патникот со лично присуство одговара за истиот. За време на реализација на аранжманот за багажот се грижи самиот патник. Патникот самојстојно го пренесува својот багаж од местото на запирање до објектот.
Организаторот не одговара за уништениот или изгубениот багаж, како и за изгубениот багаж или драгоцености за време на патувањето.

9.НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот е должен да го прифати местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Дополнителни промени не се можни. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид постарите лица, семејствата со мали деца, трудници, како и периодот на уплатата. Ако патникот сака да резервира одредено седиште, при уплатата во агенцијата може да доплати одредена сума и да бира седиште (освен првиот ред, кој е резервиран за персоналот)

10. ЗДРАВСТВЕНИ ПОЛИСИ И ЗАШТИТА

Патникот е должен да се информира кај надлежната здравствена институција и да ги почитува здравствените прописи за патување во одредена држава. Во случај на болест или незгода во текот на користење на аранжманот, трошоците за лекување или евентуални лекарски интервенции ги плаќа патникот. Поради тоа препорачуваме, пред патувањето да се направи полиса за Патничко осигурување преку осигурителна компанија, која може да се уплати во агенцијата

11. СМЕСТУВАЊЕ ВО СОБИ И АПАРТМАНИ

Доколку патникот не договорил соба со посебни карактеристики, ќе прифати било која официјално регистрирана соба за сместување во договорениот објект, опишана во каталогот и ценовникот. Квалитетот на услугите го стандарзирираат локалните туристички власти. Стандардите на сместување и услуги се пазлични по дестинации и не се споредуваат. Доколку е можно, организаторот ќе се обиде да одговори на дополнителните барања од патникот ( комфор, ориентација на соба, кат и сл.) но, не може да гарантира исполнување на таквото барање.
Вообичаено сместување во собите е од 14:00 часот, а напуштање е до 10:00 часот. За време на целиот престој во собите за хигиената се грижат гостите. За сите направени штети одговара гостинот.

12. РЕШАВАЊЕ НА ПРИГОВОРИ

Во случај на непотполно или неквалитетно извршување на услугите, патникот има право на соодветно обештетување, исклучиво доколку приложи писмен приговор до организаторот. Секој патник – носител (потписник) на договорот има право на приговор врз основа на неизвршена договорена услуга. Организаторот нема да прима во процедура групни приговори кои ги поднесуваат повеќе носители на договори врз основа на еден приговор.

Постапка за поднесување приговор:
– Веднаш на самото место патникот ја рекламира неадкватната услуга кај претставникот на организаторот, а доколку истиот го нема, кај извршителот на услугите. Патникот е должен да соработува со претставникот и со извршителот на услугите во добра намера за да се одстранат причините за приговорот. Доколку патникот на самото место не го прифати понуденото решение на рекламацијата кое одговара на уплатената услуга, организаторот нема да ја уважи допoлнителната рекламација на патникот и нема да одговори на истата.
– Ако причината за рекламацијата не биде одстранета, патникот за тоа составува со претставникот писмена потврда (записник).
– Најдоцна 8 дена по завршувањето на аранжманот, патникот поднесува писмен приговор во продажното место каде што го уплатил аранжманот, и ја приложува писмената потврда (записникот) потпишана од претставникот како и евентуалните сметки за дополнителни трошоци. Организаторот ќе ги прими во процедура само потполно документираните приговори поднесени во наведениот рок од 8 дена.
– Организаторот е должен да донесе писмено решение во рок од 14 дена од приемот на приговорот во продажното место. Организаторот може да го одложи рокот на решението на приговорот заради комплетирање на информациите и проверка на наведените рекламации кај извршителот на услугите. Организаторот ќе ги решава само оние рекламации за кои во местото на одмор не можеле да бидат одстранети причините кои ги предизвикале.
– Додека организаторот не донесе решение по приговорот, патникот се откажува од посредување на било кое друго лице, судска постапка или давање информации во јавните медиуми. Евентуалното непридржување на купувачот-патникот кон истата, или пак нарушување на отпочнатата постапка со било каква активност спомената или не, дава причина за неприфаќање на истите приговори, прекинување на отпочнатата постапка и воедно поднесување на тужба пред надлежните органи од страна на организаторот за наплата на претрпената штета и нарушениот углед во јавноста.
– Највисоката надокнада по приговорот може да достигне сума до износот на рекламираниот дел од услугите, но таа не може да ги вклучува веќе искористените услуги како и севкупниот износ на аранжманот. Со ова се исклучува правото на купувачот за наплата на “идеална штета”.

13. ТУРИСТИЧКА ТАКСА

Туристичката такса за престој на туристите ќе се пресметува како фиксен износ по ден и по соба, во зависност од видот на сместувањето . Таксите нема да бидат пресметани во вкупната цена на аранжманот при самата резервација . Туристите ќе бидат задолжени таксата да ја платат на лице место .

Filters
Popular Filters
Nightly Price
$0 - $500
Amenities
Star Rating
1
2
3
4
5
Guest Rating
Style
Neighborhood
3,269 properties in Europe
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
image

Great Northern Hotel, a Tribute Portfolio Hotel, London

4.8
Exceptional
3,014 reviews
8 nights
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72
US$72

Google
Map data ©2023 Google
Map data ©2023 Google
This page can't load Google Maps correctly.
Do you own this website?